Група поврзана со “Исламска држава” (ИД), прошири ново видео во кое пак тврди дека токму ИД го собори рускиот авион над Синај. Џихадисти веќе ја презедоа одговорноста за трагичниот инцидент, во кој загинаа над 220 лица.
Москва тврди дека е премногу рано да се утврди дали станува збор за терористички акт или технички проблем со авионот, нагласувајќи дека сите верзии се испитуваат.
Во новиот спотот се појавуваат петмина милитанти на “Исламска држава”, од кои освен арапски, зборува и руски, и се обраќаат кон Путин со погрдни зборови.
Зборот за “неверници”, која се употребува, е татарски.
“Им честитаме на нашите браќа на Синајскиот Полуостров за соборувањето на проклетиот авион со неверници од Русија. Ние сме со вас, браќа, Ве сакаме и ќе продолжиме Вашето дело. Ќе ги уништиме овие неверници, ќе ги истераме од нашата земја, а потоа ќе стигнеме до нивната.
Сакам да се обрата., кон тебе, путинска свињо, и да ти кажам дека кога ги испрати твоите авиони, твоите луѓе твојата техника да не уништат нас и нашата земја, длабоко згреши и ќе зажалиш за тоа. И твојот народ ќе жали.
Овој авион е потврда за тоа, путинска свињо и ќе стигнеме до сите вас и не само што ќе ги уништуваке авионите, но ќе дојдеме во земјата, ќе ве уништиме, ќе ве колеме, ќе пукаме во вас, ќе влеземе во вашите домовите и вие длабоко ќе се сожалите за тоа дека сте дојдени кај нас.
И како ти и твоите авиони што бомбардираат локални мирни жители, ние денес убивме 240 од твоите луѓе. И ќе продолжиме да го правиме тоа, ништо нема да не спречи, бидејќи Аллах е со нас “, вели уште руксо-говоречкиот член на” Исламска држава “.