ВИДЕО: Исповед на мајката на убиената пејачка Јелена


Зорица Крсмановиќ, мајката на убиената пејачка на Гранд Јелена Крсмановиќ Марјановиќ истакнува дека последен пат со ќерката се слушнала непосредно пред нејзиното исчезнување.jelena-majka-640x377

-Таа постојано трчаше, јас ја побарав кога била некаде на половина од патеката. Ми кажа да истрча уште еден круг и да им даде на своите да јадат, па ќе дојде кај мене, низ солзи раскажува мајката Зорица.

Таа додава дека во полиција ја испрашувале за најосновните работи околу Јелена.

-Овие денови пред исчезнувањето се однесуваше нормално, не ми се пожали дека бил кој и се заканува или дека има опсесивни обожаватели. Нејзиниот сопруг Зоран постојано беше со неа и беа многу поврзани. Не се сомневам во никого кој би можел да и наштети, немаше непријатели, но некој среде бел ден да ја одведе…ова е страшно, вели Зорица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1