Пејачката убиена – телото најдено во канал избодено со нож


Полицијата го пронашла телото на пејачката на Гранд, 33 годишната Јелена (Крсмановиќ) Марјановиќ, која вчера исчезна во Борци. Првичните резултати од истргата покажуваат дека пејачката е избодена со нож до смрт.jelena-jeca-640x641

-Добив потврда дека го пронашле телото во канал на територијана општина Палулула. Не можам ништо повеќе да кажам, тоа оди во правец на истрагата за која се сомневавме минатата ноќ, истакна српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

Полицијата најпрво го пронашла нејзиниот мобилен телефон, потоа едната патика и на крај нејзиното безживотно тело. Првите полициски наоди покажуваат дека Јелена е избодена со нож.

Исчезнувањето на Јелена го пријавил нејзиниот сопруг.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1