Кинезите повторно докажаа дека им нема рамен – изградија куќа на два ката за само 3 часа, а за истата издадоа 150-годишна гаранција.
Речиси сите делови потребни за изградба, околу 90 проценти на луксузната летна куќа се целосно од три-димензионални елементи, вклучувајќи ги декорациите, цевките и кујнските елементи.
За материјалот од кој се направени елементите на објектот, авторите на проектот не откриваат.
Се открива само дека тој е многу отпорен, поевтин и безопасен.
Освен што се брзи, градителите даваат 150-годишна гаранција и тврдат дека нивната зграда-чудо е целосно отпорна на земјотреси, бура и оган!
Погледнете ја нејзината изградба на следното видео.