Автобусот во кој се превезувале фудбалерите на Фенербахче бил цел на напад со огнено оружје.
Според првичните информации има повредени, а турските медиуми пренесуваат дека цел на нападот бил возачот на авотбусот. Возачот бил ранет и е пренесен во болницата во Трабзон.
Полицијата врши увид на местото на настанот, а досега никој не е уапсен.
Инаку, Фебербахче славеше кај Ризеспор со 5 – 1.