Видео: Јато птици го направија ликот на ПУТИН на небото над Америка


Верувале или не, ликот на рускиот претседател Владимир Путин се појави на американското небо. Станува збор за јато птици  кои при својот лет го формирале ликот на Путин.putin

Американците се познати по честата појава на ликови на нивните идоли насекаде. До неодамна Исус беше тој што имаше навика да продефилира насекаде пред очите на Американците – на небото, на пресечените дрва, на тост-лепчињата, во ве-це шолјите и на други места.

Снимката е направена од Шерил Гилберт додека се возела со отворен автобус во Њујорк. Според раскажувањата на очевидците, јатото птици што летало во близина почнало чудно да се однесува, кога одеднаш мистеријата се комплетирала, а на небото се појавил ликот на рускиот претседател.

Едни велат дека е монтажа, други сметаат дека се работи за завера, трети сметаат дека ова е предзнак за лоши времиња за Америка. Прашаните птици, од друга страна, појма немаат зошто нивниот лет предизвикал толку внимание, и тоа веројатно затоа што немаат природна склоност да гледаат човечки лица и таму кај што не им е местото.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1