Пред 24 години бил ставен печат на судбината на Југославија и бил договорен нејзиниот крај.
Тајниот план го направиле лидерите на Хрватите и Србите, Фрањо Туџман и Слободан Милошевиќ, на состанок во Караѓорѓево. За тој состанок повеќе од две децении се раскажуваат теории на заговор, а ова е една од нив.
Како што пишува српски Телеграф, во 1991. година, на таен состанок во Караѓорѓево, претседателите на Србија и Хрватска, Слободан Милошевиќ и Фрањо Туџман, се договориле да ја поделат Босна и Херцеговина, и да ја урнат реформската југословенска влада на премиерот Анте Марковиќ. Одржувањето на овој состанок и договор никогаш не биле официјално потврдени, но подоцна голем број на извори соопштиле дека имаат цврсти докази.
Средбата навосно ја иницирал, Стјепан Месиќ, кој на хрватскиот претседател му предложил да се сретнат со Милошевиќ, како претседатели на републиките, но и Месиќ и Јовиќ, како членови на Претседателството.
Неговата идеја била низ заеднички разговор да се пронајде решение за српско-хрватските проблеми.
Туџман и Милошевиќ, сепак, се одлучиле за самостојно средба и се состанале на омиленото ловиште на Тито. Многумина тогаш му замериле на Туџман што прифатил да се состане во Караѓорѓево, кое во Хрватска било негативно доживеано поради сеќавањата до 1971 година, кога таму била донесена одлука за смена на хрватското раководство и гасење на МАСПОК.
Туџман во Караѓорѓево пристигнал со шефот на кабинетот Хрвоје Шариниќ, кој бил еден од ретките кои присуствувале во првиот дел од нивната средба.
-Во тие први десет минути од разговорот, Туџман го обвини Милошевиќ дека стои зад “Револуцијата Балван” во Српска Краина и дека тоа е лошо за српско-хрватските односи. Милошевиќ сето тоа го негираше и му кажа на Туџман: “Јас верувам дека можеме да ги решиме овие проблеми!”. Потоа заминаа на долга прошетка, раскажал Шариниќ.
За РТС, Степан Месиќ раскажал дека сите го чекале Туџман во Виска, каде што била канцеларијата на претседателите, а тој се вратил со Хрвоје Шарини.
-Тој носеше карта под раката и Туџман тогаш ни кажа: “Еве што ни предложи Милошевиќ – бановинските граници од 1939. година, плус Цазин, Кладуша и Бихаќ”. Го прашав Туџман: А Алија? Гледам тука се дели Босна, а никој не ги прашува Босанците. Туџман ми одговори: “Кога Србите и Хрватите се согласуваат во целост – сите други се помалку важни, додал Месиќ.
Многу политичари од поранешна Југославија тврделе дека Милошевиќ на тие преговори ги барал сите територии на кои Србите имале мнозинство.