ВИДЕО: Како изгледаат внатре поплавените куќи во Обреновац


Во Обреновац водата значително се повлекува, но некои делови од градот и натаму се под вода. Евакуацијата на населението и понатаму продолжува. Заштитата на термоелектраната утринава е приоритет. Започната е детаризација на теренот и собирање на угинатите животни за да не дојде до ширење на зарази. Српското МВР нагласи дека враќање на евакуираното население не е дозволено.

obrenovaccc500

Преостанатите граѓани во Обреновац од еден до друг крај на градот мора да поминуваат со воени камиони, додека со храна и вода се снабдуваат од полицијата во центарот на градот.

Жителите на населбата Тополица ќе излезат од градот, бидејќи им е препорачано поради заразите, но некои од нив сепак одлучиле да останат да ги чуваат домовите.

obrenovaccccc1-500

Полицијата од 7 часот утринава не дозволува да се влезе во градот. Моменталната ситуација во Обреновац е стабилна и таму најпотребни се храната и водата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1