ВИДЕО: Како македонските војници ги поминуваат психофизичките тестови?


Се пријавил доброволно да замине на стража, ги поминал лекарските прегледи и додека бил на стража по добиен телефонски повик, се вознемирил и тргнал да убива.

Драган Манаилов кој изврши тројно убиство во Злетово психолошките тестови прегледи ги минувал без проблеми и при редовните систематски прегледи и пред и по враќањето од Авганистан, вели за Канал 5 психологот од Воениот медицински центар.vojnici-testovi500

Процедурата за психолошките прегледи е да се пополнат формулари за можни болести и од војникот, и од неговиот лекар и од претпоставениот офицер. Формуларите на Манаилов биле празни.

Од она што го слушнале по медиуми и по разговори со колеги првичниот впечаток на воените лекари дека се` се случило моментално во главата на убиецот.

Експертите во Воено медицинскиот центар велат дека состојбата не е во никој случај посттрауматски стрес синдром, болеста карактеристична за модерните војници.

Манаилов ниту имал такви симптоми, а последните случаи со посттрауматски синдром биле забележани после воената 2001 година. Ниту еден војник кој се вратил од Авганистан немал симптоми на ова заболување.

Тројцата експерти за ментално здравје на војниците објаснија дека има случаи кога војници се жалат на психички проблеми, но тоа е во рамките на просекот на општеството и дека нема специфична професионална болест која ги мачи македонските војници.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1