Затвореник кој беше пронајден мртов во затворот во Струга умрел од природна смрт


Безживотно тело на затвореник вчера е пронајдено во казнено поправната установа во Стругаzatvor kjelija

Затвореникот бил на возраст од 36 години и бил осуден за кривично дело загрозување на сигурноста. Како што ни изјавија од затворот во Струга, безживотното тело било пронајдено вчера утрото околу 9 часотго од друг затвореник со кој заедно ја делеле затворската ќелија. После утврдувањето дека нема знаци на живот веднаш била повикана Брзата помош и била констатирана смрт. На лице место дошла и полицијата која извшила увид и разговор со присутните во затворот

Затвореникот бил од Битола. Бил осуден на казна затвор од една година и девет месеци за две кривични дела за загрозување на сигурноста и тешка кражба

Затвореникот од својата 12 година бил зависник од алкохол а од 15-тата година и зависник од дрога. 36 пати починатиот претстојувал во душевната болница во Демир Хисар, велат од затворот во Струга.

Како што не информираа од затворот во Струга, тие добиле потврда дека починатиот умрел од природна смрт т.е. инфаркт.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1