На видео снимка од сигурносната камера, се гледа како калуѓерката му приоѓа на фрижидерот и вади една конзерва пиво. Прво проверила дека никој не ја гледа, па ја ставила лименката под облеката.
Подоцна, оди и до другиот фрижидер, зема шише вода, која планира да ја плати, но пред првиот агол застанува, и се враќа повторно кај првиот фрижидер и зема уште една лименка пиво.
Снимката од кражбата за време на викендот е извадена викендов на youtube.com.