Леди Гага му отишла на гости на Џулијан Асанж


Леди Гага го посети Џулијан Асанж, основачот на Викиликс кој веќе неколку месеци живее во зградата на амбасадата на Еквадор во Лондон.

Пеачката била во близина, имено во истата улица во стоковната куќа Harrods го промовирала својот нов парфем и одеднаш добила идеја да му оди на гости на Асанж. Според британските медиуми таа таму останала цели 5 часа, а за што разговарале не се знае.

Соопштенито за средбата на Лејди Гага и Асанж, доаѓа само 24 часа по решението на судот во Лондон, да ги казни поддржувачите на основачот на Викиликс, кои гарантираа плаќање на кауција од 240.000 фунти, за да може да се брани од слобода. Тие ќе мора да платат казна од 93.000 фунти, за прекршокот што го направи нивниот штитеник.

Фотографијата од средбата со Асанж, Гага самата си ја објави на својот Твитер профил.

Асанж иако доби азил од Еквадор неможе да ја напушти амбасадата зошто му се заканува апсење.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1