За време на ноќешното заседание ДИК прифати еден приговор за Струмица, каде што можно е да има прегласување на едно избирачко место.
Членовите на ДИК со три гласа „за“, два воздржани и два против ги отфрлија приговорите на ВМРО-ДПМНЕ за процесот на гласање во Кичево.
Законскиот рок од 48 часа на ДИК заврши синоќа во 19 часот, а членовите на Комисијата ја прекинаа седницата рано изутрината во три часот.
ДИК, која започна со разгледување на приговорите завчера и е во постојано заседание, досега разгледа повеќе од половината поднесени забелешки за нерегуларности на изборниот процес од страна на политичките партии.
По истекот на рокот политичките партии ќе имаат повторно 48 часа да поднесат тужби до Управниот суд чии одлуки се последни и конечни и по кои ќе се знае дали и каде ќе има прегласување.
Еве дел од атмосферата во ДИК
Извор – Видео – Тв Нова
СКАНДАЛ: СДСМ ГЛАСАШЕ ПРОТИВ ПРИГОВОРИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА КИЧЕВО
ДРАМА ВО ДИК: MАКЕДОНЦИТЕ ЌЕ СЕ ИЗЕДАТ – СДСМ ПРОТИВ КИЧЕВО, ВМРО ДПМНЕ ЗА СТРУМИЦА
ДИК ПРЕСЕЧЕ – НЕМА ВТОР КРУГ ВО КИЧЕВО