ВИДЕО: Ќе ги затвориме сите џихадистички сајтови – Анонимуси најавија одмазда за Париз


Активистичката хакерска групација Анонимус им објави војна на милитантните исламисти од сите големи груапции, во знак на одмазда за масакрот во Париз во кој браќата Саид и Шериф Куаши убија 10 новинари на весникот „Шарли ебдо“ и другите терористички убиства во Париз, јавува британски Телеграф.anonimusi

На снимката, маскираниот „анонимец“ вели дека ова е „порака до Ал Каеда, Исламска држава и другите терористи,  бидејќи слободата на изразот е нехумано повредена.

– Објавуваме војна против вас, терористите,  вели членот на Анонимус на снимката.

Групата додава дека ќе ги следи и ќе ги затвора и сите профили на социјалните мрежи поврзани со терористите, за да се одмаздат за убиствата што ги сториле.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1