Поради промените на времето се повеќе мозочни удари


Ниските температури и наглите временски промени удрија по здравјето на граѓаните.  Одделот за неврологија на Градската општа болница 8 Септември, деновиве работи со полн капацитет. Докторите велат од временските промени особено страдаат пациентите со срцеви и невролошки заболувања, а зголемен е и бројот на мозочни удари. lekari
Метеоролозите за викендот најавуваат температури до плус 15 степени. Докторите апелираат хронично болните редовно да ја земаат препишаната терапија, а граѓаните навремено да се јават на лекар доколку почувствуваат било какви здравствени промени.
Биометеорологијата негативно влијае врз целата популација. Возрасна граница нема, велат докторите, бидејќи последиците од временските промени ги чувствуваат и младите и возрасните.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1