Внимавајте: Температурен шок не очекува во наредниот период


Температурен шок не очекува во наредниот период. Викендов затоплување, а од наредната недела повторно студ. Иако веќе од утре температурата драстично ќе порасне и ќе се топи снежната покривка, граѓаните нема да куртулат од снегот кој веќе од понеделник повторно ќе почне да врне. Температурата викендов ќе се искачи и до 15 степени, вклучувајќи го и скопското подрачје, најавуваат метеоролозите. Ќе има врне слаб дожд, но во најголем дел од земјава ќе се задржи суво и умерено време.
Во сабота во североисточните делови ќе има појава на слаб дожд, а во недела кон крајот на денот земјава ќе потпадне под влијание на нов влажен бран кој ќе предизвика врнежи од дождladno2
Во понеделник врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег проследени со засилен северен ветер и нагло опаѓање на температурата.
Кризниот штаб по најавите за нов снежен бран што ќе ја погоди земјава, наложи ЈП „Македонија пат“ да се подготви со соодветна опрема и механизација на критичните патни правци и да овозможи непречен сообраќај на возилата. Апелираат до сите граѓани и институции редовно да ја следат временската прогноза и да се придржуваат кон препораките што ги даваат надлежните институции.
Веќе од средината на наредната недела граѓаните ќе можат да здивнат. Ќе следи стабилизација на времето и нормализирање на температурата.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1