ВИДЕО: Киднапираното дете од Босна, по еден месец пронајдено мртво во Германија


Мухамед Јанузи (4), со потекло од БиХ, кој бил киднапиран на први октомври во Берлин, е пронајден мртов.

Германската полиција речиси еден месец интензивно трагала по Мухамед.

Тој кобен ден мајката Алдијана Јанузи, го посетила Заводот за да добие социјална помош за децата, но кога се вратила, 4-годишниот Мухамед повеќе не бил таму.dete bosna

Очевидците објаснуваа дека детето едно време било на игралиштето во близина на Заводот, каде била и неговата мајка.

По киднапирањето, полицијата објавила и видео снимка од безбедносните камери, на која се гледа ликот на киднаперот кој за рака држи дете и мирно се оддалечува од градскиот плоштад во Берлин. Полицијата се сомнева дека киднаперот токму на игралиштето му пришол на Мухамед и го намамил со играчка да тргне по него.

Подоцна била понудена и награда од 20.000 евра за оној кој ќе го пронајде малиот Мухамед или човекот за кого постоело сомнение дека го киднапирал.

За жал, телото на детето полицијата го пронашла во багажникот на автомобилот на засега неименуваниот 32-годишен киднапер. Киднаперот бил уапсен во вторникот и го признал злосторството.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1