ВИДЕО: Кили и неговиот брат одгледувале марихуана во викендичка во Визбегово – детали


Македонскиот актер Кирил Поп Христов и неговиот брат одгледувале марихуана со висок квалитет во викендичка во скопско Визбегово.
g_marihuanaМарихуаната, според информациите на Министерството за внатрешни работи, биладгледувана во посебни услови, од специфичен вид на семки која се карактеризира со низок раст и формирање на поголем цвет каде концентрацијата на THC (тетрахидроканабинол) е поголема при што запленети се 80 саксии во кои имало насади од растението “Canabis Sativa“.
По претходно добиени сознанија дека лицата К.П.Х.(46) и В.П.Х.(36) во викенд куќа во селото Визбегово, на нелегален начин одгледуваат стебла од растението канабис сатива со цел да произведат наркотична дрога марихуана, а врз основа на Наредба од Истражен судија извршен е преглед и претрес во дом и други простории на споменатите.
При тоа во подрумот од куќата во две специјално подготвени и опремени простории пронајдени се: 25 саксии со стебла во висина од 0,7 м до 1 м, 33 саксии со стебла во висина од 2 см до 30 см, 2 саксии со овенати стебла, еден пластичен сад во кој има електричен систем за наводнување и 20 (дваесет) стебла во големина од околу 10 см, рефлектори, термостат, приклучоци за струја, продолжни кабли, вентилатори и др.
Исто така пронајдени се и хемиски препарати и адитиви за прихрана, растење и одгледување на растенија и повеќе паковања со семки од растението “Canabis Sativa“. Пред започнување на претресот во дворот од викенд куќата е затекнат првоосомничениот.
kiliИмено, двајцата пријавени во текот на минатата година, неовластено од Холандија набавиле семенски материјал кој го донеле во Р.Македонија со намера да го засадат. За таа цел, во подрумската просторија во викенд куќа во с. Визбегово (сопственост на нивната мајка) во која живее В.П.Х., специјално подготвиле и опремиле две простории, на тој начин што инсталирале систем за вентилација на воздух (четири вентилатори и едно алиминиумско црево за вентилација), систем за осветлување (три електрични рефлектори и алуминиумски фолии) и систем за затоплување и регулирање на температурата (еден термометар и два термостати) по што во специјално наменет пластичен сад во кој има инсталирано систем за наводнување, произведувале расад од семенскиот материјал кој потоа го пресадувале во саксии со цел да израснат стебла од растението “Canabis Sativa“.
Во временски период од околу шест месеци пријавените редовно ги надгледувале при тоа управувајќи со системите за вентилација, осветлување, затоплување и регулирање на температурата, ги полевале со вода како и ги потхранувале со хемиски препарати и адитиви, со намера откако растенијата ќе достигнат одредена големина, разгранетост како и откако ќе расцветаат, истите да ги оберат листовите и цветовите од растението “Canabis Sativa“, да ги исушат и произведат наркотична дрога марихуана.
Пронајдените стебла се предадени на вештачење, при што е утврдено дека се работи за растението “Canabis Sativa“ со висок квалитет.
По целосно документирање на случајот до основното јавно обвинитлство Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против К.П.Х.(46) и В.П.Х.(35) и од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”. Во текот на денот К.П.Х. заедно со кривичната ќе биде изведен пред надлежен истаржен судија, додека В.П.Х. во моментов не е достапен на органите на прогон и се преземаат мерки за негово пронаоѓање.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1