Артур Фримен излегол од колата, носејќи ја малата Дарси како вреќа. Ја префрлил преку оградата и, како да е обична кеса, ја испуштил преку работ.
Дарси Фримен имала само четири години кога нејзината смрт ја погодила јавноста. Сведоците едвај успеале да раскажат што виделе – нејзиното мало тело кое од мостот лета во смрт.
Артур Фримен, невработен програмер, се оженил со Пета Барнс и со неа добил три деца. 11-годишниот син Бен, 4-годишната ќерка Дарси и 2-годишниот Џек.
За овие несреќни деца утрешниот датум пред пет години го означил почетокот на пеколот. Всушност, проблемите започнале кога семејството се вратило од Британија во Мелбурн.
Нивниот татко претрпувал големи промени во расположението, а тоа предизвикувало хистерични расправии со сопругата. Бидејќи неговата состојба станувала се полоша, така Пета стравувала за безбедноста на нејзините деца. Откако Фриман почнал и физички да се пресметува со неа и децата, таа се развела од него со желба да се ослободи од насилниот Артур. Сепак, залудно…
Ментално пореметениот Фримен бил како темпирана бомба, која по разводот станала повеќе нестабилна. Додека ги возел децата, сите три, преку мостот Вестгејт, температурата била огромна, а паниката во умот на Артур растела се’ повеќе. Неговата поранешна сопруга го добила старателството над децата, тој бил невработен, живеел сам, и требало за прв пат тој ден да ја носи Дарси во училиште – но доцнел.
Поранешната сопруга ги чекала децата во училиштето. Бидејќи не биле таму на време, му се јавила на Артур да го праша што се случува, и следел страшен одговор – никогаш повеќе нема да ги видиш децата.
Сведоците едвај успеале да раскажат што се случило. Автомобилот застанал на сред мост. Таткото кој излегол од автомобилот ја носел ќерката како вреќа. Ја префрлил преку оградата, и како да е обична кеса, ја фрлил од работ.
“Човекот го фрли девојчето од мостот. Мислев сака само да ја исплаши. Тогаш ја пушти да падне”, изјавил еден сведок. Детето паднало од 68 метри во длабоката река.
Уште еден мотоциклист го видел инцидентот: “Убиецот излезе од колата полека, како да нема ниедна грижа. Не знам што се случи. Изгледаше неверојатно”, изјавил сведокот.
Се повеќе луѓе од мостот повикувале полиција во паника: “Видовме дете како паѓа од мост”, а оперативците во централата се молеле да станува збор за грешка, дека некој фрлил пакет или поголем предмет.
За тоа време, малиот Бен во колата го молел својот татко да се врати по Дарси.
“Тато, Дарси не знае да плива, те молам не ја оставај”, молело детето.
Полицајката која била на самото место на несреќата гледала како нејзините колеги се обидуваат да ја оживеат Дарси. Од глетката во немоќ паднала на колена.
Жената која ја реанимирала Дарси давала се од себе за да помогне. И’ давала вештачко дишење цели 30 минути.
“Сто пати сум била во ваква ситуација. Овој пат се фатив себе како разговарам со девојче во несвест. Ја бодрев, ја молев да не се откажува”, рекла жената. За жал, Дарси не успеала да се избори. Нејзините мали бели дробови биле преполни со вода.
Фриман на судењето дошол со пуштени брада и коса. Сакал да изгледа како непресметлив и тоа да биде неговата одбрана. Поротата, сепак, не наседнала.
“Мотивот кој постоел за вашето злосторство немал никаква врска со невината жртва. Ја убивте ќерката за да ја повредите поранешната сопруга на најлош можен начин. Сте избрале и место за кое целата јавност ќе зборува.”, рекол судијата и го осудил Фриман на доживотен затвор.