Велат дека патот до срцето е токму преку стомакот. Сите гости гости на Тито тоа го знаеле многу добро. Која е кулинарската тајна со која успевал да ги задоволи неговите гости?
Продуцентската куќа Адреналин и ТВ B92 оваа пролет ќе ги дегустираат специјалитетите од кујната на Тито кои со години биле чувани како најголема тајна.
“Се трудиме да прикажеме што повеќе рецепти и се надеваме дека ќе откриеме доста тајни. Како што реков, постојат некои супер едноставни рецепти како што се попара која се смета дека било омилено јадење на Тито, потоа некои национални специјалитети, а и врвниот специјалитет стек велингтон. Се надеваме дека успеавме да ги разоткриеме неговите кулинарските тајни” – вели Бојан Бочваров, шеф на кујна.
Тито, познат како државник на поранешната Југославија, уживал во јадења со најквалитетни состојки, за него готвеле најдобрите готвачи, а многу рецепти до денес се чувани како најголема тајна.
TheMen.mk