Младата Авганистанка Ајша од насловните страници на магазинот Тајм, на која сопругот и ги отсече носот и ушите, полека се оправува, благодарение на пластичната операција за реконструкција на лицето.
„Конечно повеќе не ми е страв да се погледнам во огледало“, вели Ајша Мохамаџаи (22), девојката која мина низ страшна тортура, откако сакала да побегне од лошиот брак полн со насилство.
Ајша додава дека долго време и било страв од животот и иднината, но сега знае што е поентата од истиот и како да живее.
„Во Авганистан не ни знаев што е живот“, се присетува Ајша.
Лекарите и вградиле силиконски јастук во челото за проширување на кожата, од која ќе и направат нов нос.
Веќе и земале ткиво од подлактицата и го пресадиле на лицето како делумно би се формирал обликот на носот. Ајша својата приказна за прв пат ја кажала во август 2010 година за списанието Тајм. Тие ги објавиле фотографиите на која е без нос и кои ја шокираа целата јавност.
Кога имала 12 години нејзиниот татко ја ветил дека ќе ја даде на талибански борец, за да го отплати долгот. Семејство на сопругот ја малтретирал и присилувал да спие во шталата со животните Откако одлучила да побегне, ја уловиле , а мажот за казна и ги одсекол носот и увото и ја оставил да умре во планините.
Ајша тогаш успеала да исползи до куќата на нејзиниот татко, а подоцна и да дојде до американската база во Авганистан, каде што за неа се грижеле 10 месеци, а потоа ја пренесле во САД каде што во моментов се наоѓа на лекување.
Ајша во моментов живее со авганистанско семејство во Америка Во училште го учи јазикот, а во слободното време прави накит.