Група поранешни астрономи на НАСА здружени во „Фондацијата Б612“ сака да собере 250 милиони долари за да изгради вселенски телескоп што би го штител животот на Земјата.
– За првомајските празници огромен астероид ќе ја уништи Земјата – кажал пат Робертсон(84), кој заработил многу пари продавајќи ја својата книга за крајот на светот.
Така, тој го уништил ентузијазмот на поранешните астронаути на НАСА, кои под името „Фондација Б612“ сакаа да соберат 250 милиони долари за да изградат вселенски телескоп што би го штител животот на Земјата.
Телескопот наречен Сентинел, наводно, би можел неколку години однапред да регистрира секоја потенцијална опасност за Земјата.
Телевизискиот водител Робертсон сега им порачал дека телескопот нема да им биде потребен зашто огромен астероид веќе идната недела ќе го уништи светот.
– Тоа го кажа и Исус, кој најави крај на светот. Конкретно, ќе има големо поместување на јупитер, кој со својата гравитациска сила ќе го поттурне астероидот директно кон Земјата – изјавил Робертсон за телевизијата ABC.
Погледнете го видеото во кое Робертсон му се обраќа на светот тврдејќи дека нема да го дочека празникот.