ВИДЕО: Лажниот снег во САД е дел од тајно воено оружје?


Снежно невреме, повторно го зафати северниот дел на САД. Снег паѓа со денови и не се топли со недели. Минатата недела се крена паника поради наводно лажен снег кој не се топи како обичниот, туку му треба доста повеќе време

Во допир со пламен, овој снег испушта мирис на пластика. Тоа го тврдат луѓето ширум САД, кои сето тоа го снимале и ставиле на Јутјуб. Секако, лажниот снег веднаш беше поврзан со системот ХААРП, односно со тајно воено оружје.

31012014162904_lazen snegНо, многумина предупредуваа дека станува збор за нормална појава, при која снегот под влијание на силен пламен, веднаш преминува во гасовите состојба. Сепак, таа појава овде не е случај, затоа што снегот не се топи ниту на собна температура. Вознемирените граѓани решиле работата да ја земат во свои раце.

Снегот бил испратен на анализи во неколку приватни лаборатории во САД, а добиените резултати покажале дека снегот содржи големи количини алуминиум и бари. На Јутјуб се појави уште една анализа.

-Секое микроскопско видео јас го направив. Содржината на секоја слика направена е од смрзнат примерок. Моите извори од владата  ми потврдија дека снегот е лажен и пред да ги достават примероците на анализа- вели авторот на видеото.

Меѓу останатото, авторот на ова видео говори дека добил потврда дека станува збор за воен напад, но деталните податоци се заведени како најстрога тајна.

Што покажала анализата на снегот? Во него, наводно се наоѓаат различни полимери, едниот е бел „чаршав“ со дупки во кои се наоѓаат живи организми како и осиромашен уран чија задача е да ги спои живите организми со неживи работи, за да се направи нов вид едноќелиски организам, односно наноробот. Во снегот се ослободуваат гасови од метан, затоа облаците понекогаш се зелени, напоменува авторот.

Пронајдени се еноќелиски организми, кои споени со полимерите, создаваат нано киборг полимери влакна кои се користат во 3Д штампачите.

Во снегот пронајдени се и радиоактивен бариум и ГМО организми, кои служат за создавање мраз на ниски температури со цел уништување на посевите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1