Губите работи, се карате, ви се расипуваат апарати – не е до вас до Меркур е.. еве зошто


Дијана Јотиќ, Астролог на Блиц, објаснува што е ретроградна планета и како во наредниот период таа ќе влијае на нас. Планетите во поголемиот дел од времето се движат нормално, спротивно од движењето на стрелките на часовникот. Но, постојат и периоди кога ќе ја променат насоката и тогаш се движат ретроградно.

1097843-horoskop-foto-shutterstock-2Самата ретроградност подразбира привидно движење на планетите кон назад. Тоа се разбира не е реално, туку само на нас така ни се чини гледано од Земјата. Освен Сонцето и Месечината сите планети имаат свои периоди на ретроградно движење. Тие периоди донесуваат различна проблематика, во зависност од планетата за која се работи. Ретроградноста првенствено се однесува на повратокот, повторувањето на нештата или поврзаноста со нивното минато. Меркур симболизира комуникација, размислување, интелегенција, движење, возење, пишување, деца, помлад брат или сестра, па за време на неговата ретртоградност се јавуваат проблеми поврзани со споменатата симболика.

Неговото влијание за време на ретроградното движење е прилично силно и на глобално и на лично ниво. Јотиќ додава дека Меркур припаѓа во личните планети. Па така секоја промена на неговото движење внесува мал хаос во животот на нас обичните луѓе. Посебно влијание има на знакот Близнак и Девица на кој е владетел.

Како се манифестира: Лоша концентрација, заборавеност, психичка лабилност, лага, измама, грешки во работата, повреди, најчесто на прстите и дланките, зголемен број на сообраќајни несреќи, губење на клучевите, документи, расипување на домашните апарати, мобилни телефони, компјутери, проблеми со децата, зголемен број на болки во бременоста, кои можат да завршат со спонтан абортус, посебно во периодот кога се минува низ знакот на Водолија, кој симболично ја дава сликата на намерен или неочекуван абортус.

Што не очекува и до кога ќе трае?

horoskopМеркур во просек е ретрограден три пати годишно. Оваа година, прв пат од 7 февруари па до 1 март. Ретроградното движење ќе почне во знакот на Риби, ќе трае кратко и ќе продолжи низ знакот на Водолија. Со само тоа неговото негативно влијание најсилно ќе се почувствува токму на припадниците на овие два знаци. Близнаци и Девица, затоа што Меркур е нивниот природен господар. На глобално ниво треба генерално да се обрне внимание на сообраќајот, особено авионскиот и железничкиот, затоа што во поголемиот дел од времето ќе мине во знакот на Водолија која симболизира авиони и возови.

„Силно влијание може да се почувствува токму на оние држави кои се во споменатите знаци. Во знакот на Водолија на нас ни се најблиски Словенија и Шведска, а по сила и влијание секако Русија“, вели Јотиќ.

Одредени промени можат да се случат и во земјите кои се во симболични знаци како Рибите, како што се Италија и Македонија, Португалија Дубаи, но со послаби поради краткотрајното минување на Меркур низ знакот на Рибите. Секако не треба да се исклучат и земјите кои се во знакот на Овните како што се Јапонија и Германија, затоа што во моментов владетел е знакот на Водолија. Уран е токму во знакот на Овен, па преку него како диспозитора ќе биде активиран под лошото влијание на Меркур.

Можеме да очекуваме дека ќе се случи некои дговори во водата, дека ќе има доста премислувања меѓу двете страни, кои ќе се сретнат во најмала рака два пати, дека некој некаде можеби ќе се побуни, дека ќе дојде до одложување на некој голем проект, или повторување на она што е веќе кажано или направено. Она што е неопходно е зголемена контрола на безбедноста во сообраќајот, на бродските пристаништа, на аеродромите и железничките станици, како и детални проверки на бродовите, авионите и возовите пред нивното тргнување.

Може да дојде до грешки или расипувања кои можат да не бидат забележани дури ни од најдобрите сервисери, особено во првите неколку денови за време на неговата ретроградност, низ знакот на Рибите кои го симболираат сето она што не можеме да го забележиме. Совет: Во наредниот период избегнувајте да завршите некоја важна документација. Сигурно ќе ве вратат на шалтер со образложение дека ви е потребен уште некој документ.

Не тргајте на пат доколку не морате.

Возите внимателно и придржавајте се на прописите.

Купите карти за јавен превоз затоа што ќе има зголемена контрола во автобусите па е извесно дека ќе добиете казна.

Не купувајте автомобили, компјутери, или мобилни телефони затоа што можат да имаат некоја грешка, особено ако се украдени.

Не потпишувајте важни документи и добро размислете пред нешто да се одлучите.

Лошите проценки се извесни за време на ретроградниот Меркур. Важно е да се напомене дека одредена блага симболика на ретроградност ќе се појави и кога Меркур ќе тргне директно па се додека повторно не дојде до степен од каде што започнал да се движи ретроградно. Во тој период планетата во „сенка“, кога и понатака исполнува одредени негативни карактеристики. Се до средината на март се можни компилации во симболиката на Меркур.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1