ВИДЕО: Пронајдени најстарите отпечатоци од стапала на луѓе во Европа


Трагите од стапалата се стари повеќе од 800.000 години, а пронајдени се на крајбрежјето на Хеписбург

Тие се директен и најстар познат траг на луѓе на северот на Европа. Деталите за пронаоѓањето се објавени во весникот Плос Оне.

07022014171953_najstari stapalaД-р Ник Ештон, од Британскиот музеј, отпечатоците ги опиша како „едно од најважните откритија, ако не и најважното на британското крајбрежје.“

-Тие ќе го сменат нашето разбирање на животот на тогашните луѓе во Британија и Европа- истакна тој.

Трагите се прв пат идентификувани во мај минатата година. Бурното море ја еродирало песочната плажа и ги открило трагите од стапалата.

Таквите откритија се исклучително ретки. Отпечатоците се единствени со толкава старост во Европа, а на светот постојат три постари наоѓалишта, од кои сите потекнуваат од Африка.

-Во почетокот не бевме сигурни што гледаме, но наскоро стана јасно дека трагите одговараат на човечки отпечатоци од стапала- нагласи тој.

Деталната анализа со 3Д скенер, која ја спровела д-р Изабел Де Гроте, потврди дека отпечатоците се човечки, но дека можеби ги направиле пет лица- една возрасна личност и неколку деца.

-Делува дека ги оставил возрасен маж, висок 175 сантиметри, додека најмалата личност во таа група била висока околу 90 сантиметри. Другите поголеми отпечатоци, можеби потекнуваат од помлади мажи или жени- вели таа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1