Најмалку 11 луѓе загинале во торнадото кое ја погодило областа околу Далас и нанело големи материјални штети во американската држава Тексас.
Во налетот на торнадото летале кровови од куќи, превртени возила и искорнати дрвја има на сите страни, а многу домови останале без струја.
Оштетени се вкупно 600 куќи, во тоа подрачје, изјавиле од локалната полиција.