ВИДЕО: Мајка од пеколот, го остави бебето во автомобил на +40 степени, го спасуваа минувачи


Една неодговорна мајка од Мексико го оставила своето бебе во автомобил на паркингот на еден трговски центар. И тоа во време кога надвор сонцето буквално печело и температурата била над 40 степени.

Бебето го забележале случајни минувачи кои веднаш пријавиле во полиција кои пак го скршиле стаклото од автомобилот за да го извлечат детето.majkabebeavtomobil

Мајката во полиција изјавила дека детето го оставила само на 10 минути и дека случајно клучевите ги заборавила внатре.

На детето биле видливи траги на дехидратација и тоа веднаш е префрлено во болница.

Бебето е одземено од мајката и не е познато дали воопшто ќе и биде вратено назад.

Погледнете го ова драматично спасување:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1