ВИДЕО: Мајка си ги убила двете ќерки додека ја молеле да ги поштеди


На денот кога ги убила своите две ќерки среде улица, Американката Кристи Шитс облекла розова тоалета и го повикала семејството на состанок во дневната соба, а потоа почнала да пука во нив.

Семејството побегнало на улица пред Кристи, за која пријателите велат дека била приврзана и горда мајка. Сопругот Џејсон успеал да се спаси со бегство во слепата улица во близина, но ќерките ја немале таа среќа.majka-kerki.jpg

Седумнаесетгодишната Медисон Шитс паднала на улица, каде починала од повреди во вратот и градите. Пет години постарата Тејлор, која починала во болница, била застрелана во главата и торзото.

Откако мајката го извлекла оружјето, ќерките панично повикале 911. На објавените снимки од повикот се слуша како едната ќерка ја моли својата мајка: „Те молам! Прости ми! Те молам, немој да пукаш”. Друг женски глас се слуша како вика: “Те молам, жал ми е. Те молам. Не пукај во неа!”.

Во еден момент на снимката се слуша и подебел глас, веројатно на сопругот Џејсон, кој вели: „Ти ветувам, сè што сакаш!“. Повикот во тој момент бил прекинат.

Соседот слушнал истрели и повикал полиција. Тој рекол дека гледа жена со пиштол и дека две лица се погодени. Името на соседот не е објавено поради анонимност, но деталите кои ги пренел во полицијата сепак дошле до јавноста.

Постарата ќерка била жива во моментот кога колабирала на патот, а нејзината мајка се обидела повторно да ја застрела. Меѓутоа, Кристи поседувала само малокалибарски револвер со пет куршуми. Таа се вратила дома, го наполнила пиштолот, излегла на патот и повторно ја застрелала постарата ќерка.

Кратко по повикот на соседот, полицијата излегла на интервенција и ја затекнала Кристи на патот. Бидејќи одбила да го фрли оружјето, таа била убиена со еден куршум во градите.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1