ВИДЕО: Мајката 4 години верувала дека детето и изчезнало, таткото го криел зад лажен ѕид


Во 2010 мајката на сега 13-годишното момче го пријавила како исчезнато. Детето отишло во посета на својот татко во Атланта и од тој момент веќе не се вратило дома. Момчето било пријавено како исчезнато во социјалните служби, не во полиција.

dete-isceznato500

 

Четири години подоцна, во петокот, полицијата била во станот на неговиот татко но не успеала да го пронајде детето.По неколку часа пак биле повикани во станот, од страна на неговата мајка.

Детето, додека полицајците биле внатре, успеало да и се јави на мајка си и да и каже каде да го бараат, а таа им пренела на полицајците.

Момчето било најдено во внатрешноста на станот зад лажен ѕид.

Петте луѓе кои живееле во тој стан во Атланта, меѓу кои и неговиот татко Грегори Џин  и маќеата, се притворени и ќе одговараат за бруталност и затварање на дете, како и за измама на полицијата.

Според соседите според кои детето преку ден го гледале во дворот и околу куќата, веројатно  зад ѕидот било криено само кога имало гости во станот или кога социјлните служби и полицијата го барале.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1