ВИДЕО: Македонец убиен во Австралија, телото пронајдено во џунгла


Македонецот Џон Гашовски е пронајден мртов во Австралија. Неговото безживотно тело било пронајдено на планински пат во џунглата покрај Џамберо, со неколку куршуми во главата.

dzon-640x396

Македонски бизнисмен од Сиднеј, Џон Гашовски, вчера е пронајден мртов со прострелна рана во главата, во џунгла во близина на Волонго. Tој излегол од дома во попладневните часови минатиот понеделник и откако не се вратил дома цела ноќ, неговото семејство пријавило во полиција дека исчезнал.

Гашовски бил оженет и татко на четири деца.

Неговата сопруга вели дека не може да поверува дека некој можел да го убие нејзиниот сопруг, бидејќи тој бил грижлив татко и добар сопруг.

Таа додава дека немало никакви знаци дека Џон имал проблеми со некого. Тие се чуле изутрината, а тој и рекол дека ќе се врати до вечерта.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1