Мал патнички авион падна врз супермаркет Лидл во Португалија. Kако што пренесуваат светските медиуми, авионот паднал на објект кој е оддалечен околу 20 километри од Лисабон.
Според првичните информации, во леталото имало две лица, а авионот експлодирал во воздух по што паднал врз супермаркетот.
Според западните медиуми, со авионот летале 4 лица кои загинале откако авионот експлодирал во воздух, пред да се урне.
Инцидентот се случил на околу 20 километри од Лисабон. Неколку автомобили во близината на супермаркетот биле зафатени со пожар кој го зафати Лидл по падот на леталото.
Авионот се урнал на само 150 метри од локално училиште.