Масовна тепачка го прекина говорот на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во хотел во Њујорк кога еден од присутните извикал: „Ти си терорист. Губи се од мојата земја“.
Најверојатно, мажот бил Американец. Во тепачката нема потешко повредени лица.
Демонстрантите, кои подоцна објавија фотографии од судирите на социјалните мрежи, велат дека нивната цел била да ги осудат политиките на Ердоган во Турција, Сирија и во Ирак.
Ердоган имаше обраќање пред неговите приврзаници во САД во хотелот „Маркиз“ на Тајмс сквер.
За време на неговата претходна посета на САД, неговото лично обезбедување ги нападна мирните демонстранти пред резиденцијата на турскиот амбасадор во Вашингтон.