За работата на овчар во Велика планина во словенечките Алпи објавена на интернет за да се популаризира еколошкиот туризам и словенечките туристички капацитети воопшто, досега се јавиле повеќе од 3.000 луѓе од целиот свет, изјавил водачот на тој проект Матјаж Зорман.
– Ни се јавуваат кандидати од целиот свет, од САД, Австралија и од другите држави, има мошне и од нашите од Словенија, а најмногу се пријавија Унгарци – рекол Зорман во врска со акцијата на барањето на кандидат за „работата од соништата“, како што целата работа во рекламата се претставува.
Зорман рекол дека веќе има двајца кандидати во најтесен избор кои набрзо ќе ги повика на разговор, за да ја преземат „службата од соништата“, бидејќи станува збор за тип на екстензивно сточарство при кое животните на почетокот на летото од бачилата и оградените простори се преместуваат во повисоките планински предели, каде тревата останува сочна и за време на летните горештини.
Едниот е Американец, милионер кој дури понудил самиот да си ги плаќа сместувањето и храната за да може да чува крави и овци, а другиот е Македонец, сиромашно момче без училиште и работно искуство, рекол Зорман. Севкупно, до септември оваа година имаат намера да регрутираат 10 овчари кои овците, козите и кравите би ги чувале во интервали од по две до три недели.
Тие не би добивале паричен надомест, но би живееле во дрвени куќички и би јаделе природна храна, со можност за учество во разни забавни игри и едукативни работилници.
Краткиот видео-оглас на планинското одморалиште за еколошко сточарење кое е објавено на англиски јазик досега го прегледале речиси 200 000 корисници на интернет, а за него и за Словенија пишуваа многу странски и домашни медиуми.