ВИДЕО: Мистериозен облак се појави над Ново Мексико


Мистериозен облак фатен на метеоролошки радар во Ново Мексико покрај американската воена база за лансирање ракети, ги остави временските прогнозери збунети

oblaci Облакот го забележал еден блогер на јавно достапните податоци кои ги чита радарот, а потоа ја следел неговата насока и ги објавил сликите на Јутјуб. 
Заговорниците тврдат дека облакот кој одеднаш се појавил, настанал по експлозија при непријавено тестирање на оружје. Американската хидрометеоролошка агенција во градовите Албукерки и Ел Пасо, потврди дека станува збор за облак за кој не знаат од каде доаѓа.Облакот прв пат се појавил на зајдисонце, над комплексот за лансирање Вајт Сендс Мисл Рејнџ, во близина на местото каде е тестирана првата атомска бомба под името „Тринити“ уште во 1945 година.

Единствено друго логично објаснување, според блогерот, е ерупција на вулканот Каризозо на истокот која не е пријавена поради непознати причини.

Сепак, докази за нуклеарна експлозија нема, а САД службено не тестирале никакво атомско оружје уште од 1992 година, кога потпишаа Договор за забрана за нуклеарни проби кој го усвои Генералното собрание на ОН.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1