ВИДЕО: Морничава секта од која што никој никогаш не успеал да побегне


Чилеанската влада во почетокот ги игнорирала случувањата во Парал, но потоа следела соработката со режимот на Пиноче, па во колонијата започнала да се применува пракса која наједноставно може да се опише со зборовите вистински терор – децата уште при раѓањето биле одвојувани од родителите и одгледувани во таканаречени градники сместени во колонијата. Мажите и жените исто така биле одвоени и често дрогирани, додека Шефер сексуално ги злоставувал момчињата, а повремено и девојчињата.colonia-dignidad-chile-sekta-zanimlivosti-01-630x355

Местото служело и како засолниште за избеганите нацисти, какви што биле Валтер Рауф, озлогласениот Јозеф Менгеле, и токму поради тоа меѓународната заедница често во Чиле испраќала барања за нивно испорачување коишто пак Пиноче редовно ги игнорирал. Сето тоа наводно се одвивало со знаење на Пиноче, но и благослов, а неговиот шеф на на чилеанската разузнавачка служба, генерал Мануел Контрерас често ја посетувал колонијата.

Тоа е инаку и приказната во филмот “Colonia”, во којшто главната улога ја има Ема Вотсон, а кој во кино салите пристига во месец април. Дејствието во филмот е сместено во 70-те години, додека колонијата сè уште постоела, а Вотсон ја толкува улогата на девојката чијшто вереник го киднапирале агентите на Пиноче, а како таа би го спасила решава да ѝ се приклучи на сектата, за којашто важела дека никој од неа не успеал да излезе жив. Во колонијата таа издржува секакви тортури и физичко малтретирање, додека таа секојдневно обработува земја, готви, чисти…

И вистинската Колонија Дигнидад живеела главно од земјоделие со коешто се занимавале членовите на сектата. Местото било опкружено со бодликава жица, имало дури и кула за надгледување, рефлектори низ целиот имот, како и хангар со оружје во којшто се наоѓал дури и еден тенк.

Шефер во колонијата вовел строга дисциплина, којашто наметнувала да се воспостави чиста духовност, а оние коишто не се придржувале кон таа дисциплина биле тепани, измачувани и дрогирани. Но, самиот Шефер воопшто не се придржувал кон таа дисциплина.

Пред сè тоа се однесувало на фактот како тој гледал на сексуалноста – силувал и мачел момчиња, а после распуштањето на колонијата 11 семејства го тужеле поради сексуално злоставување.

Освен што во колонијата биле затворени и изманипулирани членовите на сектата, додека траела диктатурата на Пиноче, тоа било и центар за измачување на чилеанската разузнавачка служба.

Американецот Мајкл Таунли, којшто работел за ЦИА во Чиле и Венецуела, за Колонијата Дигнидад дизајнирал соба за мачење. Таунли бил и платен убиец на Пиноче, а во 1976-та година бил обвинет за убиство на поранешниот чилеански министер за надворешни работи Орландо Летелиер. Таунли денес живее во Америка во рамките на програмата за заштита на сведоците.

Членовите на сектата живееле во мали соби, а во секоја биле сместени по пет или шест лица. Немале никакви посебни лични предмети освен пижами, една униформа за работа, една за одмор, како и неделна залиха од долна облека. Сето останато, вклучувајќи ги и чевлите, било заклучено во ормари.

Секое утро појадувале заедно, и тоа секогаш подразбирало млеко и леб премачкан со мармелад, а потоа оделе да работат – мажите потешки физички задолженија, а жените полесни, како на пример готвење, чистење и средување на шталите, додека некои работеле и како медицински сестри.

Во заедницата немало телефони, телевизија и календари, а на членовите им бил забранет и сексот. Ниту ден денес не се знае што точно се случило со 1.100 луѓе коишто исчезнале во колонијата.

Колонијата се распаднала после распадот на режимот на Пиноче, иако всушност постоела и уште некое извесно време, но под името Вила Бавиера. Под тоа име постоела сè до 2013-та година.

Шефер во 1997-та година побегнал од Чиле кога започнале обвиненијата во врска со сексуалните злоставувања, а бил уапсен во 2005-та година во Аргентина, кога бил испорачан во Чиле. Тој добил 20 години казна затвор, а починал во затворот во 2010-та година поради проблеми со срцето. Во моментот на смртта имал 88 години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1