ВИДЕО: Може да се парализа, но несака да чуе да ја скрати 16 метарската коса


Ејша Мандела од американската држава Џорџија има коса долга 16,7 метри. Иако и се заканува опасност од парализа таа вели дека никогаш нема да ја скрати косата.

Оваа 47-годишна мајка на едно дете има чудна навика, таа веќе 25 години ја пушта косата да и расте, која сега е долга 16,7 метри.

kosa_1376931718_670x0-Мојата коса стана дел од мене, тоа е мојот живот. Лекарите ми рекоа дека од тежината на косата можам да останам парализирана, но никогаш нема да ја исечам, никогаш. Кога би се ишишала тоа би било еднакво со самоубиство, изјавила Ејша.

Таа е дел од Гинисовата книга на рекорди како шампионка по должината на локните. За да ја измие косата потребни и се два дена, а истата кога е сува е тешка како шест годишно дете. Нејзиниот најголем страв е дека некој ќе и ја исче косата кога таа нема да гледа.

Можеби многумина ќе се прашаат како долгата коса не и пречи при водењето љубов, но Ејша и за тоа има одговор.

-Никогаш не сум имала проблем во таква ситуација, косата дополнително ја „зачинува“ целата ситуација, вели оваа жена која се мажела три пати, а сега е среќна во бракот со нејзиниот трет маж кој е од Тринидад и Тобаго.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1