Исламските подржувачи на соборениот претседател на Египет, Мохамед Морси вчера го возрвратија ударот.
Тие, отккао им беа срушени камповите во Каиро започнаа со подметнување на пожари и напади на цркви, што резултираше со уништување на најмалку три храма.
Меѓу опожарените цркви е и онаа во градот Сохаг, „Св. Ѓорѓи”.
Египетската државна новинска агенција Мена извести за напади врз три цркви, вклучувајќи и уништување на споменатата црква. АФП објави дека напаѓачите фрлат молотови коктели врз „Св. Ѓорѓи“ во градот Сохаг, кој има голема коптска заедница на западниот брег на Нил.