Министерството за внатрешни работи објави видео од акцијата во охридско и струшко, во која беа запленети 65 килограми марихуана.
Дрогата беше запленета при извршен претрес во болницата Свети Еразмо во Охрид, но и на неколку други места во Охрид и Струга.
Во операцијата за разбивање на ланец за трговија со дрога се уапсени седум македонски и еден албански државјанин.