ВИДЕО: На Меркел и се слоши- неконтролирано се тресеше


Германската канцеларка Ангела Меркел изгледала како да не ѝ е добро и се тресела додека денес во Берлин го дочекувала украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Меркел стоела покрај Зеленски на сонцето додека воен бенд ги свирел химните на Германија и Украина, кога почнала да се тресе.

Меѓутоа, како што наведува “AP”, по интонирањето на химната, Меркел делувала подобро, а потоа брзо минала по црвениот тепих со Зеленски и влегла во зградата во која се наоѓа нејзината канцеларија.

Канцеларката на прес конференција рекла дека се чувствува добро.

Од тогаш испив барем три чаши вода, кои очигледно ми беа потребени и сега сум многу добро”, рекла Меркел.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1