Видео: Наезда на џиновски полжави кои предизвикуваат менингитис


По џиновските питони, жителите на Флорида се соочуваат со нова наезда, овој пат на џиновски полжави, кои можат да достигнат големина на стаорец.

polzavПолжавите потекнуваат од Африка и иако делуваат симпатично, тие се многу опасни, бидејќи нанесуваат сериозна штета и кај луѓето можат да предизвикаат менингитис.

Од нивната појава во септември 2011 година, во Мајами се собрани околу 117.000 полжави.

Уништуваат се што е зелено пред нив, предупреди претставничката на локалните власти, додавајќи дека овој вид носи паразити кои ако се внесат во човечкиот организам може да предизвикаат менингитис.

Флорида активно трага по ефикасна метода со која би се искорениле овие штетници кои полагаат и до 1.200 јајца дневно.

Denesen.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1