ВИДЕО: Најдобрата пријателка на Путин


Нејзиното вистинско име е Кони Полгрејв, а според непотврдени гласини, истото го добила според поранешнешната државна секретарка на САД, Кондолиза Рајс. Животното кое што рускиот претседател го добил како подарок во 2000 година од сегашниот министер за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу често присуствува на состаноци, дури и со светските лидери кои доаѓаат во посета на Русија.rajs4-630x420

Повеќето политичари се потпираат на пријателството на своите миленици, кучињата, бидејќи тие им даваат социјална и психолошка поддршка. Френклин Рузвелт го имал шкотскиот териер Фалу, Џорџ Буш постариот го имал англискиот спрингер шпаниел Мили, додека миленик на рускиот претседател Владимир Путин е женката лабрадор, Кони.

Кони најмалку во два наврати е користена за политички цели. Во тек на посетата на американскиот претседател Џорџ Буш во резидецијата на Путин, Кони го пречекала, па рускиот претседател наводно коментирал дека е поголема, посилна, побрза и полоша од Барни.rajs1

Втор пат Путин намерно ја искористи во тек на тешките преговори за испорака на плин во Европа. Путин како поранешен разузнавач го проучил досието на германската канцеларка Ангела Меркел, во кое меѓу другото стои дека таа има фобија од кучиња. Кога Меркел пристигнала во претседателската резиденција, Путин ја повикал Кони да им се придружи.

Denesen.mkrajs3-630x421

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1