Фондацијата Тоше Проески неодамна ја промовираше книгата „Ова не е крај“ која опфаќа сегменти од животот на македонската музичка легенда, а по повод неговиот роденден беше промовиран и спот за песната „Жао ми е“.
Во видеото кое се снимаше во Бугарија е опишана љубовна приказна меѓу двајца млади, а во него Тоше се појавува во облека од античко време. Покрај Тоше, во спотот е и манекенката Сара Леши.
Kurir