ВИДЕО: Наставничка и ја залепила устата на ученичка од 2 одделение со леплива лента


Аиме Мартинез, наставничка во прочуената Академија Фултон во Аурора во Колорадо, е на удар на критиката на родителите поради тоа што на ученичка од второ одделение со леплива лента и ја затнала устата.

338827_skola-04_ffПред да го стори тоа на децата им рекла дека тоа е шега и малку ќе си играат. Но и децата и родителите велат дека тоа не е смешно туку тоа е најгрозен облик на злоставување на дете.

Многу деца се жалеле дека поради дебелината на лентата која дури им ги прекривала и носевите, не можат да дишат. И иако целиот настан се случувал во библиотеката, библиотекарката не превзела ништо во врска со тоа.

Полицијата на шокираните родители им рекла дека нема основа да покрене обвинение против наставничката затоа што се е според закон. Учителката во полиција тврдела дека се било шега и дека сите деца и барале да им залепи трака на усните.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1