Видео: Научници докажаа дека постои – имаат ДНК од Биг Фут


Пет години посвети тимот на Sasquatch Genome и потроши половина милион долари за собирање на податоци и докази за постоењето на влакнестото човеколико суштество.

bigfut-01_fГрупа научници вчера во Тексас на прес конференција покажаа неколку куси видеа на кои, како што тврдат, се гледа легендарниот Биг Фут (Големо стапало), митско суштество чиешто постоење никогаш не е докажано.

Форензичарката д-р Мелба Кетчум, која го води тимот, тврди дека се работи за сериозно истражување. Видео снимките кои ги покажале вклучуваат и материјали од проектот „Ериксон“, група предводена од Адриано Ериксон кој тврдеше дека собрале дефинитивни видео и ДНК докази за постоењето на Биг Фут. Меѓу снимките е и таа што е направена во 2005 година во Кентаки, која наводно прикажува женка Биг Фут на спиење.

Докторантот Џош Стивенс мапирал 3.313 места на кои е забележано ова суштество од 1921 година и утврдил дека на некои од нив се појавува многу почесто за разлика од другите. Најмногу е забележан во западните држави на САД.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1