ВИДЕО: НЕПРИЗНАЕНИОТ СИН НА МИРОСЛАВ ИЛИЌ: Каде ти е душата татко?!


Девин Антоновиќ, наводниот незаконски син на славејот од Мрчајевци Мирослав Илиќ, беше гостин во емисијата “Градн магазин„ во која тој најави дека по судски пат од пејачот ќе бара да направи ДНК тест, бидејќи тој сака конечно да открие кој бил неговиот татко, особено што се шпекулира дека тој не е наследник на пејачот

miroslav ilic sin

Тој истакна дека не ги сакал неговите изјави што преку медиумите ги давал последните денови.

– Дојдов тука на одмор, во посета на семејството и на пријателите. Со денови, многу се пишува, но тоа до мене не допира- изјави Девин и продолжи:

– Мирослав изгледа не сака да ја искористи оваа прилика и за сите на еден убав начин да стави крај. Тој ја замени културата и доброто однесување со слабост.

Антоновиќ најави дека ќе ангажира адвокат за да докаже дека Мирослав е неговиот татко.

– Тој ќе плати за сè, рече тој. Ние оваа приказна ќе ја истераме до крај и вистината ќе излезе. Јас не сум од шумата дојден. Јас сум лекар, имам две компании, не ми треба ништо друго освен вистината. Ми треба ДНК тест – изјави Девин и додаде:
– Сега излегува дека ние сме луди, сите измислуваме. Ние треба да се браниме од неговите напади. Што не е во право. Нападите на себе можам да ги издржам, но кога некој ја навредува мојата мајка или Брена, која ми е како втора мајка, не можам. Како некој да ме избодел – рече Девин.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1