Нема шах за муслиманите – било против верата, пресуди саудискиот муфтија


Големиот муфтија на Саудиска Арабија пресуди дека шахот е забранет во исламот, истакнувајќи дека поттикнува коцкање и дека тоа е губење време. Шеик Абдулазиз ал-Шеик одговараше на прашање во телевизиска емисија, при што издаде фатва како одговор на прашањата на гледачите за секојдневните верски работи. Тој рече дека шахот „спаѓа во коцкање“ и дека е „губење на време и пари и причина за омраза и непријателство меѓу играчите“.Vitezovi-templari-igraju-sah-na-ilustraciji-iz-1283.-godine

Шеикот ја оправда одлуката упатувајќи на стихот во Куранот за забрана на „опојни средства, коцкање, идолопоклонство и пророштво“. Не е познато кога била изречена фатвата.

По Исламската револуција во 1979 година, играњето шах беше забрането во јавност во Иран и прогласено за „харам“, или забрането, од страна на високи свештеници бидејќи се поврзува со коцкање. Но, во 1988 година, тогашниот врховен лидер на Иран, ајатолахот Рухолах Хомеини, ја укина забраната и рече дека тоа е дозволено, се’ додека не е средство за коцкање. Иран сега има активна конфедерација за играње на шах и испраќа натпреварувачи на меѓународни натпревари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1