Новата ерупција на вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија, кој исфрли облаци од пепел, беше причина за затворањето на аеродромот во блискиот град Катанија.
Како што соопптија на извор од аеродромот, биле откажани 22 полетување, а 26 авиони кои требало да слетаат во Катанија биле упатени кон други аеродроми. Затворен е и аеродромот Комизо во истиот регион.
Компанијата што управува со аеродромот во Катанија соопшти дека денеска ќе направи нова анализа на состојбата.
Етна е активен вулкан и често еруптира, а нејзиното последно активирање почна во саботата и е најсилно во последните месеци.
Лавата што потече по парините на вулканот се гледа од Катанија и од историскиот град и морско летувалиште Таормина.