ВИДЕО: Новинар прободен со нож на прес-конференција


Новинарот од српското списание „Ужичка недела“ Милан Ѓокиќ беше нападнат денеска на прес-конференција во градскиот совет во Ужице, јави Танјуг.

Според портпаролката на градскиот совет новинарот бил прободен со нож, по што напаѓачот се обидел да избега, но полицијата успеала да го фати и уапси.napad-na-novinara-rts-450x318

Повредениот новинар е хоспитализиран со тешки телесни повреди.

Се уште нема информација за мотивите за нападот.

Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ го осуди нападот, истакнувајќи дека насилството врз новинари е недозволиво.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1