Вјачеслав Ледовски, новинар од рускиот град Краснојарск, го изеде сопствениот текст напишан за градската инфраструктура.
Ледовски е новинар во весникот „The Builder“ а во 2010 година напишал текст со наслов „Ветувањата постојат за да се прекршат“, алудирајќи на работењето на Лев Кузнетсов, гувернер на регионот Краснојарск.
Гувернерот вети дека со изградба на четвртиот мост на реката Јенисеј ќе започне пред 2015 година, а новинарот убеден дека гувернерот нема да си го оствари ветувањето, па и тој дал едно ветување на своите читатели, дека доколку започне изградбата на мостот пред 2015 година тој ќе си ги изеде сопствените зборови.
Мостот почнал да се гради и новинарот морал да си го одржи ветувањето – па си го изеде текстот.