ВИДЕО: Новинарка мртва, 3 уапсени, по информациите дека Турција вооружува сириски ТЕРОРИСТИ


Последната новинарка што работеше на слично истражување, Серена Шим на Прес ТВ, загина под сè уште неразјаснети и сомнителни околности.

Шим известуваше за наводните пратки оружје на североистокот на Сирија, што го привлече вниманието на турските разузнавачки (МИТ) кои се распрашувале за нејзините престојувалишта поради сомнежи дека се занимава со шпионажа. Новинарката јавно изрази загриженост поради надзорот.novinarka turcija

Новинарката наводно имала видеоснимки што докажуваат дека во пратките со хуманитарна помош се крие оружје, но доказите не биле најдени по нејзината смрт. Турските власти не ги вратиле нејзиниот пасош и венчалниот прстен на нејзиното семејство.

Шим и снимателката Џуди Ајриш загинаа во директен судир со камион минатиот октомври, откако со автомобилот „скршнале на спротивната страна на коловозот на патот за пристап до автопатот“. Од тогашните извештаи не е јасно дали тие загинале на лице место на несреќата или подоцна во две различни болници меѓусебно оддалечени 40-тина километри. Истрагата не ја спровела полицијата, туку турската војска.

Една недела откако Чан Дундар, извршниот директор на турскиот весник Џумхуриет доби награда за слобода на печатот, тој и уште еден уредник на весникот се уапсени и затворени поради шпионажа откако објавиле спорен извештај кој разоткрива дека турски разузнавачи со оружје снабдуваат екстремистички бунтовници во Сиријаturcija novinari

„Ние сме уапсени“, објави минатиот четврток Дундар на Твитер. „Не грижете се, тоа за нас е како орден на честа“.

„Ние сме обвинети за „шпионажа“. Претседателот вика „предавство“. Ние сме предавници, шпиони или херои; ние сме новинари. Ова што овде го направивме е чин на новинарство“, објасни Дундар пред минатонеделното сведочење.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1